Copyright © 2014 Kuzevski | All rights reserved.

Category Archives: Concerts

Fighting Windmills на втората вечер од Оффест 2018


Втората вечер на ОФФест 2018 започна со македонскиот бенд Fighting Windmills. Искрено бендот не го познавав од претходно ниту пак ако завршев на концертот без да знам дека доаѓа од Македонија ќе претпоставев дека е македонски бенд.

Јупитер Боконџи: Дон Кихот од гетото


Пред четири години имав можност за прв пат да се запознаам со Jupiter&Okwess од Конго кои настапија на ОФФест 2014. Без никакви очекувања после нивниот концерт ми станаа една од омилените музички групи. После четири години повторно можев да уживам во хипнотичната силина и динамиката со која овој бенд настапува.

Steve Coleman и Marc Ribot на третата вечер од Скопскиот џез фестивал


Третата вечер на Скопскиот џез фестивал ни ги донесе американскиот саксофонист Steve Coleman and Five Elelements и Marc Ribot and the Young Philadelphians, кој направи посвета на музиката од овој американски град со посебен акцент на панк-фанкот.

Made to Break и The Thing на третата вечер од Скопскиот џез фестивал


После двете тивки фестивалски вечери дојдоа на ред да настапат Made to Break и The Thing, предводена од добро познатиот саксофонист на македонската публика Mats Gustafsson, кои слободно може да се рече дека ја „срушија“ концертната сала со своите енергични и динамични настапи. Made to Break The Thing

Винициус Кантуариа и триото на Марчин Василевски настапија на втората вечер од Скопскиот џез фестивал


Втората вечер на Скопскиот џез фестивал ја отвори Vinicius Cantuaria изведуавјќи ги вечните хитови како Girl from Ipanema и Corcovado на популарниот бразилски композитор Tom Jobim.